Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скоро половина милион посетители во македонските музеи

Скоро половина милион посетители во македонските музеи

Македонските музеи лани ги посетиле 476 385 посетители, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од вкупно 28 музеи,  19 се национални музеи, 8 се локални музеи и еден  приватен музеј, додека според предметот на работа, 18 се општи и 10 специјализирани музеи.  Во 2015 година, музеите организирале 102 сопствени изложби од кои 85 изложби биле организирани од страна  на општите музеи и 17 од страна на специјализираните музеи.  Музеите располагале со 224 779 инвентарирани предмети, од кои 36 980 биле изложени во музеите во 2015.  Збирките располагале со 222 850 инвентарирани предмети, од кои 35 489 биле изложени.

Слично

Поврзани вести