Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скоро пет часа им требаа на фудбалерите да стигнат на плоштадот во Загреб

Скоро пет часа им требаа на фудбалерите да стигнат на плоштадот во Загреб

Хрватските фудбалери скоро 5 часа патуваа со автобус од  аеродромот „Д-р Фрањо Туѓман“ до плоштадот Бан Јелачиќ каде има организиран дочек. 

Загребскиот аеродром е одалечен од главниот плоштад 25 километри, но патувањето траеше со часови затоа што илјадници граѓани ги поздравуваа фудбалерите по улиците, а и неколку пати го застануваа автобусот. 

Околу 350.000 граѓани излегоа во Загреб да ги пречекаат хрватските фудбалски репрезентативци кои се вратија дома со сребрен медал од Mундиалот  во Москва.

На плоштадот фудбалерите стигнаа околу 20.45 часот, и беа пречекани со огномет, факели и извици „шампиони, шампиони“. 

фото Индекс.хр

Слично

Поврзани вести