Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скоро никој не им верува на медиумите во Македонија

Скоро никој не им верува на медиумите во Македонија

Поразителни резултати се покажаа на истражувањето „Во каква Македонија сакате да живеете” спроведено од здружение на граѓани за унапредување на демократските и политичките процеси во Македонија „Има Иднина”.

Анкетата на која биле испрашашувани граѓани од државата, покажала дека луѓето не им веруваат на политичките партии ниту пак на медиумите, а голем дел од нив се со план да ја напуштат Македонија.

На прашањето дали им веруваат на информациите што ги добиваат од македонските медиуми дури 90 отсто одговориле дека не веруваат.

 Околу 45 отсто од граѓаните не им веруваат на ниту една политичка партија, а само 10 одговориле потврдно.

Половина од испитаниците рекле дека не веруваат дека актуелните преговори на политичките партии ќе ја решат кризата во Македонија. Но, од друга страна и половината рекле дека имаат големи очекувања од специјалната јавна обвинителка.

Најпоразителен е фактот што секој втор испитаник на анкетата, рекол дека сака да се иссели од државата.

Целото истражување погледнете го тука.

Слично

Поврзани вести