Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скоро два милиони евра „тежат“ странските инвестиции во јануари

Скоро два милиони евра „тежат“ странските инвестиции во јануари

Во  Македонија во јануари влегле 1,98 милиони евра странски директни инвестиции.

Ова се податоците на  Народна банка на Република Македонија за првиот месец годинава. Според НБРМ 18,9 милиони евра се сопственички капитал и реинвестирање на добивката, но во истиот период се одлеала сума од 16,92 милиони евра за покривање на заеми на фирмите ќерки кон нивните мајки во странство.

Податоците на НБРМ покажуваат дека лани во земјава влегле 157 милиони евра странски директни инвестиции, а во 2014 се инвестирани 205 милиони евра.

Слично

Поврзани вести