Скоро 80.000 туристички ноќевања во јануари
Бројот на ноќевањата во јануари годинава изнесува 78. 667, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на туристите кои во јануари 2016 година ја посетиле Македонија изнесува 38. 162. Домашните туристи реализирале поголем број ноќевања, но затоа пак бројот на странски туристи е поголем од домашните. Најголема посетеност бележи Скопје, а потоа следат езерските и планинските места. Бањите ги посетиле најмалку гости, односно 962 од кои само 61 се странци. Туристите најчесто се сместувале во хотели или соби и станови кои се издаваат.
Меѓу туристите, најбројни се гостите од соседството.
Слично
