Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скоро 7000 вработувања лани во странски компании

Скоро 7000 вработувања лани во странски компании
Во странските компании лани се вработиле 6700 луѓе, а само во јануари се реализирани 400 вработувања. Вработувањата во странските компании во земјава одат добро и невработеноста се намалува. Ова денеска го соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој се надева дека трендот ќе продолжи и во иднина. „Се надевам ќе имаме уште поголем број на вработувања во компаниите со странски инвестиции, затоа што доаѓаат нови инвеститори и затоа што старите инвеститори се задоволни и ги прошируваат своите капацитети„-рече Груевски. Со подобри услови за бизнис се надева дека ќе привлечат не само компании од регионот, туку и пошироко.
Слично

Поврзани вести