Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скоро 500 земјотреси во Бодрум, дали туристите се безбедни?

Скоро 500 земјотреси во Бодрум, дали туристите се безбедни?

Повеќе од 490 земјотреси се почуствувани во реонот на турското летувалиште Бодрум на Егејското Море во последните 24 часа. 

Земјотрес од 5,1 степени го погоди Бодрум вчера,  пренесе агенцијата Доган. Турската дирекција за управување при катастрофи и вонредни ситуации соопшти дека по земјотресот вчера се регистрирани 490 последователни потреси.

Дел од плажата во населбата Јалачифлик е пропаднатата од потресот.  На патот пак се формирала дупка од 2 метри.

Академик Хасан Сузбилир од Универзитетот „9 септември“ во Измир вели дека земјотресите во Бодрум може да продолжат, но истакна дека туристите не треба да си заминуваат. Тој додава дека повеќето потреси се само секундарни. Според него зградите во Бодрум се изградени квалитетно и не се високи, па туристите не треба да го прекинуваат одморот.

Слично

Поврзани вести