Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скоро 3.000 луѓе се иселиле од хрватски регион откако го погодија 900 земјотреси

Скоро 3.000 луѓе се иселиле од хрватски регион откако го погодија 900 земјотреси

Хрватскиот регион Банија го погодиле повеќе од 900 потреси, по што се отселиле скоро 3.000 луѓе. 

Во централна Хрватска, од земјотресот на крајот на декември лани, со јачина од 6,2 степени, регистрира повеќе од 900 последователни потреси. Скоро 3.000 луѓе се иселија од таа област. Два земјотреси беа со јачина од 5 до 6 степени, 13 биле со јачина од 4 до 5, а 101 земјотрес со јачина од 3 до 4 и 814 потреси со јачина од 2 до 3 степени според Рихтеровата скала, објави загрепски Вечерњи лист. Досега се пријавени 38.000 оштетени објекти, од кои 99 проценти биле во областа Петриња и Глина, додека 92 проценти во Сисак.

Луѓето масовно се иселуваат од Петриња. Од три училишта во Петриња се испишани најмалку 105 ученици по силните земјотреси кои го погодија овој хрватски град. И денеска имаше слаб земјотрес близу Петриња. 

Слично

Поврзани вести