Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скоро 300 луѓе лани заболеле од туберкулоза

Скоро 300 луѓе лани заболеле од туберкулоза
Во 2015 година се откриени 284 заболени граѓани од туберкулоза, што е еден помалку од 2014 година. И минатата и предминатата година починаа по 18 лица. Процентот на детска туберкулоза е намален во 2015 година на 14 болни деца,  во однос 2014 година  кога имало 19 болни деца. Меѓу заболените  има различни возрасти, од основци до студенти. Од година во година се намалува бројот на заболени од туберкулоза и смртноста од оваа болест, беше кажано во пресрет на 24 март-Светскиот ден на борба против туберкулозата. Билјана Илиевска-Попоска, директорка на Институтот за туберкулоза, објаснува дека Македонија од 2002 година бележи континуиран пад на бројот на новооткриени случаи со туберкулоза. „Минатата година за прв пат е регистрирано намалување на вонбелодромните форми на туберкулоза, 20 отсто, во однос на белодробните форми, кои се 80 отсто. Туберкулозата во Македонија сѐ уште е болест на младата популација, но за разлика од претходната година, кога најмногу беа засегнати лицата на возраст од 25-45 години, во 2015 година најмногу доминира возрасната група од 45 до 54 години. Тоа е добар епидемиолошки показател“ - вели таа. Во ризична група спаѓаат луѓето сместени во затворите, психијатриски болници, домови за стари и други.
Слично

Поврзани вести