Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скоро 16% од територијата на Албанија засадена со марихуана

Скоро 16% од територијата на Албанија засадена со марихуана

Во Албанија површините со дрога се зголемуваат и во просек годишното производство на марихуана изнесува над 1000 тони.

Марихуаната се шверцува преку регионот на Пуља, тврди италијанскиот весник „Кориера дела Сера“, повикувајќи се на извештајот на италијанската Финансиска полиција.

Садници со марихуана најмногу има во околината на Скадар, каде има територии во кои полицијата ретко доаѓа.

Лани 15,83 % од територијата на Албанија била засадена со марихуана, наспроти 12,5 % пред три години.

„Во 2013 година на територијата на Албанија се регистрирани 305 подрачја каде се одгледува марихуана. Следната 2014 година имало 815 области со 165.000 садници, а минатата година – 1.200 со над 240.000 садници марихуана“ - пишува весникот.

Весникот објави дека приходите од криминалниот бизнис со недозволена трговија со дрога достигнуваат неколку милијарди евра на годишно ниво.

Слично

Поврзани вести