Скоро 1.000 бегалци пристигнуваат во Грција секој ден
Околу 1.000 бегалци пристигнуваат по грчките острови секој ден, покажуваат податоците на Високиот комесаријат за бегалци на ОН.
„Тешката економска ситуација во Грција, комбинирана со зголемениот број нови бегалци кои пристигнуваат, станува се по сурово искушение за малите островски заедници.
На нив им недостасува главна инфраструктура и услуги, кои може да одговорат соодветно на зголемувањата кои се хуманитарни потребни“, изјавил портпаролот на ОН, Вилијам Спиндлер.
И покрај тешкотиите кои ги преживуваат Грците, тие се културни и великодушни кон бегалците, истакнал тој.
77 100 лица влегле во Грција по пат на море од почетокот на годината. Скоро 60% од нив се од Сирија, големо е присуството и на Авганистанци, Ирачани и Сомалијци. Драматично зголемување на бројот на новодојдените бегалци се забележува и во Македонија и Србија. Мнозинството бегалци кои пристигнале во тие земји се обидуваат да стигнат до Западна или Северна Европа.
