Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопското училиште останува затворено додека не се открие причината за труењето

Скопското училиште останува затворено додека не се открие причината за труењето

Основното училиште ,,11 Октомври” во кое се затруја 40 деца останува затворено се додека не се открие изворот на заразата. Неизвесно е дали од понеделник ќе се одржи настава.

„Се додека не се добијат резулатите од сите анализи на водата и воздухот и не се најде изворот на заразата школото ќе биде затворено, се во интерес на здравјето на децата“, изјави портпаролот на општина Центар Катерина Цаневска.

Резултатите од испитувањето покажаа дека водата е исправна и нема недозволени количини и метали.

Сега се чекаат наодите од бактеролошките испитувањата кои треба да покажат дали има некоја бактерија во водата и воздухот што би можела да биде причина за труењето.

Инаку, група родители вчера упаднаа во училиштето и се расправаа со директорката.

Бараа објаснување за труењето на нивните деца и рекоа дека секоја гадина мака мачат со условите во училиштето. Се пожалија дека веќе трета година нема вода во училниците, од кои пак се ширела неподнослива реа.

Слично

Поврзани вести