Скопското обвинителство тврди дека од СЈО не добило докази за Крпач
Скопското обвинителство за случајот на Коста Крпач обвинува дека СЈО не доставило ниту еден доказ, ниту релевантна информација која укажува дека тој трпел притисоци.
Од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите(читај СЈО) не е доставен ниту еден доказ ниту, пак, каква и да е релевантна информација во таа насока, но и покрај тоа Основното јавно обвинителство – Скопје продолжува да го истражува случајот, тврдат оттаму.
Од СЈО тврдат дека доставиле доволно информации кои ги поседуваат за Крпач, кои би можеле да помогнат за расветлување на случајот. Скопското обвинителство соопшти дека истрагата за смртта на Крпач продолжува. Издадени се наредби за голем број вештачења, анализи и прибирање документи од неколку институции. Повикани се и сведоци кои може да помогнат да се расветли, дали Крпач бил убиен или се самоубил.
Слично
