Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопскиот регион најатрактивен за инвеститори на станбени објекти, цената бележи пад од 11%

Скопскиот регион најатрактивен за инвеститори на станбени објекти, цената бележи пад од 11%

Според најновата публикација на Државниот завод за статистика насловена како „Градежништвото во Република Македонија 2010-2014“ просечната цена на становите за пет години опаднала за над 11%, што значи ако во 2010 година просечната продажна цена на становите изнесувала 52.125 денари за метар квадратен, лани таа на национално ниво била 46.505 денари за метар квадратен.

Забележани се негативни статистички резултати во бројот на завршени станови во изминативе години кои покажуваат дека во 2014 година била комплетирана изградбата на 5.356 станбени единици, или за 18% помалку во споредба со претходната година.

4.921 станови, наспроти регистрираните 4.876 станбени единици останале недоградени лани.

Скопје и регионот и понатаму е најпривлечен за инвеститорите во станбени објекти стои во публикацијата, и истите се одлучуваат да градат најмногу двособни и трисобни станови во колективните згради.

Можен ли е пораст на цената на становите? Мал раст на цените на становите регистрираше Народната банка во јули годинава. Според податоците на оваа институција има раст на цените за два отсто на годишно, односно за 1,5 отсто на квартално ниво. Сепак, и од НБМ велат дека најверојатно трендот е од привремен карактер. Имено нема позначајни разлики во понудата и побарувачката на станови. Бизнисмените и експертите сметаат дека станува збор за размрдување на пазарот на недвижности предизвикано и од проектот „Купи куќа, купи стан“. Цените на становите во Скопје и низ Македонија минатите три години имаа забележителен пад, за минимум 100 -200 евра од м2, во зависност од локацијата. Сега во Центар стан се купува и за 1100 евра по м2, во Карпош и Аеродром за 800 – 1000 евра по м2. ИНТЕРВЈУ ДИМИТРОВСКИ: Не смее да се дозволи дополнителен пад на цените на становите! Неодамна во интервју за Фактор Оливер Димитровски, директор на Агенцијата за недвижности и проперти менаџмент „Њу Веј“ изјави дека се подразбира дека хиперпродукцијата, зголемена побарувачка на одреден продукт (без разлика дали е недвижен имот, објект) доведува до пад на цената, но тоа никако не смее да се дозволи. Образложение на ова негово тврдење може да прочитате ТУКА во целосното интервју.!  
Слично

Поврзани вести