Скопски „Водовод“ ги простува каматите за задоцнето плаќање
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје донесе одлука за отпис на каматите за задоцнето плаќање. Граѓаните кои ќе го подмират својот долг за потрошена вода во следните 45 дена ќе добијат простување на каматите за доцнење, одлучил Управниот одбор на претпријатието.
Плаќањето на долговите, редовни или тужени, може да се направи одеднаш или со договор на рати. Нотарските трошоци за склучување на договорот ќе бидат на товар на претпријатието.
Истовремено, на бесправно приклучените корисници им се нуди можност бесплатно да го легализираат својот приклучок за вода.
Слично
