Скопски пазар се претстави на саемот за вработување
Денес на саемот за вработување, Скопски Пазар го претстави своето работење пред заинтересираните посетители. Ваквото приближување на компанијата кон јавноста има за цел да им го олесни процесот на вработување на посетителите на саемот преку запознавање со она што компанијата најмногу го бара и вреднува кај своите кандидати за вработување.
Скопски Пазар воедно ја искористи приликата за комуницирање на можностите за вработување во својот тим, односно што е она што компанијата може да му го понуди на заинтересираните посетители на саемот.
„Семејството на Скопски Пазар денес брои повеќе од 500 вработени. Нашите вработени се еден од најзначајните столбови на кои се потпира успехот на Скопски Пазар и затоа компанијата континуирано инвестира во унапредување на нивните вештини и посветено работи за привлекување на квалитетни кадри во својот тим. Оттука, саемот за вработување е одлична алатка за остварување на првичен контакт со своите кандидати за вработување. Но не само тоа, Скопски Пазар како општествено одговорна компанија ја користи секоја прилика да им помогне на оние кои бараат работа, побрзо и полесно да стигнат до посакуваното работно место.“ – изјавиja од Скопски Пазар.
На саемот Скопски Пазар им ги претстави на посетителите своите вредности, својата филозофија на работење и професионалните и лични карактеристики кои ги споделуваат вработените во Скопски Пазар и кои секако се бараат од идните вработени.
Саемот за вработување по прв пат се одржува во нашата земја иако ваквите саеми веќе подолго време се одржуваат во скоро сите големи градови во светот и имаат за цел да ги приближат оние кои бараат работа со потенцијалните работодавачи.
