Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Скопски пазар“ го заврши првото тромесечје со раст на добивката

„Скопски пазар“ го заврши првото тромесечје со раст на добивката
Трговската компанија „Скопски пазар“ АД Скопје го заврши првиот квартал од годинава со остварена добивка по оданочување од речиси 50 илјади евра (околу три милиони денари). Ова е за четири пати повеќе од добивката остварена во истиот период лани. Тогаш, компанијата остварила добивка од околу 12 илјади евра. Во првите три месеци од годинава, Скопски пазар забележал пад на оперативните приходи за 5% во однос на истиот период лани, при што приходите од продажба се намалиле за 6%. Но, во истовреме, се намалиле и оперативните расходи на компанијата за 5% и тоа најмногу како резултат на пониска набавна вредност на трговските стоки и пониските трошоци за амортизација на материјалните и нематеријалните средства.
Слично

Поврзани вести