Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопски пазар го заложува имотот

Скопски пазар го заложува имотот

Компанијата Скопски пазар АД Скопје објави дека за хипотека ќе даде во залог недвижен имот со деловен простор вреден речиси 200.000 евра.

- Согласно Нотарски акт ОДУ бр.45/17 од 30.01.2017 година заверен од Нотар Анастасија Петреска, Скопски пазар АД Скопје како заложен должник кон заложниот доверител ПроКредит Банка АД Скопје и должникот Друштво за услуги, трговија на големо и мало МАНИС-МСА ДООЕЛ, експорт-импорт Скопје, согласни се да се заснова заложно право-залог (хипотека) од прв ред врз недвижен имот сопственост на Скопски пазар АД Скопје и тоа: 

- Деловен простор со површина од 58 м2 и градежно изградено земјиште со површина од 66 м2 , на КП 13583, 13584, 13585, 13586, 13587, дел 2 , запишани во Имотен лист 47293 КО Центар 1, со вредност од 95.270 ЕУР и,

- Деловен простор со површина од 59м2 м2 , на КП 13583, 13584, 13585, 13586, 13587, дел 1, , запишан во Имотен лист 9140 КО Центар 1, со вредност од 96.912 ЕУР, со цел реализација на купопродажба на недвижен имот помеѓу продавачот -заложен должник СКОПСКИ ПАЗАР АД Скопје и купувачот-должник Друштво за услуги, трговија на големо и мало МАНИС-МСА ДООЕЛ, експорт-импорт Скопје како корисник на кредит од ПроКредит Банка АД Скопје - заложен доверител, а согласно Преддоговор за купопродажба на недвижност заверен од Нотар Џеват Бучи под УЗП 430/2017 од 10.01.2017 година. 

По уписот на залогот (хипотека) врз недвижниот имот во Имотниот лист во корист на заложниот доверител ПроКредит Банка АД Скопје и склучувањето и заверката на конечниот Договор за купопродажба меѓу продавачот и купувачот на заложениот недвижен имот, при АКН (катастар) на РМ ќе се изврши и упис на правото на сопственост на недвижниот имот во корист на купувачот, како и пренос на залогот (хипотека) од продавачот - заложниот должник Скопски пазар АД Скопје на купувачот - должник Друштво за услуги, трговија на големо и мало МАНИС-МСА ДООЕЛ, експорт-импорт Скопје. 

Слично

Поврзани вести