Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопската чаршија ги разгоре страстите, идните градоначалници во трка по гласови

Скопската чаршија ги разгоре страстите, идните градоначалници во трка по гласови
И денеска кандидатите за скопски градоначалници се растрчаа низ Скопје во лов по потенцијални гласови.  Јани Макрадули од СДСМ најави изградба на нов модерен пазар и враќање на занаетите во Скопската чаршија. Од ВМРО ДПМНЕ се најдоа погодени, па реагираа дека нивниот кандидат и актуелен скопски градоначалник Коце Тракановски веќе ја оживеал Чаршијата. Тој пак беше зафатен со промовирање на проектот за Универзалната сала. Макрадули вети модерен Бит пазар и враќање на занаетите во Чаршијата  Нови работни места и враќање на старите занаети вети денеска кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ,  Јани Макрадули кој денеска ја посети Старата скопска чаршија. Тој истакна дека ќе работи за сите делови на Скопје и за сите граѓани подеднакво. „Еден од приоритетите во мојата програма ќе биде привлекување и отворање нови работни места, особено за оние занаети и струки кои изумираат. И затоа град Скопје и јас како градоначалник, ќе даваме стипендии во средните училишта за дефицитарните струки, а потоа тука ќе можат да отворат дуќан за својот занает, исто со поддршка на Град Скопје“, најави Макрадули. Тој обвини дека досега градот не вложил ни денар во општина Чаир, иако зема 60 отсто од секоја компанија и многу даноци од граѓаните. „Преземам обврска да изградиме нов и модерен Бит пазар, каде трудот ќе се наградува, а граѓаните ќе уживаат кога ќе доаѓаат да пазарат. Скопје не може да се развива, кога сите делови не се развиваат со исто темпо“, посочи тој. ВМРО ДПМНЕ реагира, ние ја ревитализиравме Чаршијата Во брзата рекација на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Макрадули стои дека комплетното осветлување, реновирање на повеќе дуќани за стари занаети и отворениот Музеј на стари занаети се само дел од мерките на Градот за ревитализација и заживување на Старата скопска чаршија. Од партијата посочуваат дека во Старата скопска чаршија се одржуваат бројни манифестации, нејзината посетеност е сголемена, а има и голем број на забавни, културни и други содржини. „Сите овие проекти и содржини, денеска Старта скопска чаршија ја вратија на листата на најпосетени места во Град Скопје, како од домашните така и од странските туристи. Во минатите 10-тина години зад Коце Трајановски стојат реални и видливи дела, за жал, зад Јани Макрадули стојат само празни зборови“, стои во партиското соопштение. Претходно денеска скопскиот градоначалник Коце Трајановски, вети изградба на нова Универзална сала по светски терк.
Слично

Поврзани вести