Скопската администрација ќе се вози со електроскутери
Град Скопје набави пет електроскутери кои ќе ги користи градската администрација. Скутерите се наметени за службите на Град Скопје – инспекторите, комуналните редари и други.
-Градот Скопје со набавката на овие 5 електроскутери го направи првиот директен чекор кон електромобилност во Скопје со примена на нови технологии, движење со нула емисии на штетни издувни гасови, почиста и поздрава животна средина и намалување на трошоците за одржување, рече при промоцијата градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Тој ги повика и останатите локални самоуправи и државни институции да го следат примерот од Град Скопје и да набават електромобили.
Слично
