Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Скопје Стрит Фестивал“ денеска и утре во градски парк

„Скопје Стрит Фестивал“ денеска и утре во градски парк

Шести и седми јуни, односно денеска и утре забавата ќе биде во градски парк. Станува збор за единствениот фестивал на отворено Скопје Стрит Фестивал 2014 кој нуди неверојатна забава и дружба за сите дојдени.

Според најавите треба да има многу музика, работилници, Стрит Бол натпревари со најдобрите градски кафе барови, скејтери, блејдери, Jam Battle натпревари, графити цртачи и уште многу други кул содржини!

А најдобрата информацијае дека Red Bull Doodle Art натпреварот ќе биде дел од Скопје Стрит Фестивал 2014, каде најдобрите ќе добијат бесплатно патување за Светското фудбалско првенство во Бразил.

За добрата забава се задолжени: Зад Аголот, Гоце, Страјк, ЛД Пистолеро, Диџеј Васо, Conquering Lion, а Едо Маајка е ѕвездата која ќе го затвори фестивалот на 7 јуни.

 
Слично

Поврзани вести