Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКОПЈЕ ПРОТЕСТИРА, ИВАНОВ СЕ ШЕТА: Претседателот во дводневна посета на Бугарија

СКОПЈЕ ПРОТЕСТИРА, ИВАНОВ СЕ ШЕТА: Претседателот во дводневна посета на Бугарија

Претседателот Ѓорге Иванов ја започна дводневната посета на соседна Бугарија во рамките на учеството на средбата на лидерите на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (СЕЕЦП). Тој ќе се сретне со својот колега Росен Плевнелиев и со премиерот Бојко Борисов.

Утре претстои и самитот на СЕЕЦП во рамките на бугарското претседателство на регионалната иницијатива.

Во неа ќе учествуваат Плевнелиев и Иванов, но и хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, црногорскиот Филип Вујановиќ, албанскиот Бујар Нишани, косовскиот Хашим Тачи, молдавскиот Николае Тимофти, сегашниот претседател на босанскиот триумвират Бакир Изетбеговиќ, премиерот на Романија Дачијан Чиолос, зам- премиерот и министер за внатрешни работи на Словенија, Карл Ерјавец, генералните секретари на Советот за регионална соработка Горан Свилановиќ и на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Ламберто Заниер.

И додека шефот на државата е во обиколка на регионот граѓаните секојдневно протестират на скопските улици и улицоте ширум земјава.

Досега ниту еден од функционерите на власта не се огласија по повиците на протестантите.

Слично

Поврзани вести