Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопје на 159 позиција, Виена со највисок квалитет на живот

Скопје на 159 позиција, Виена со највисок квалитет на живот
Главниот град на Австрија Виена повторно е прогласена за град со највисок квалитет на живот во светот, покажува рангирањето на консултантската компанија Mercer за 2015 година. Скопје е на 159-то место во рангирањето, кое опфаќа вкупно 230 градови. Првите пет позиции остануваат непроменети во однос на минатата година: на второ место е Цирих во Швајцарија, следен е Окленд во Нов Зеланд, Минхен во Германија и Ванкувер во Канада. Топ 10 листата се дополнува со германските градови Дизелдорф и Франкфурт, Женева во Швајцарија, Копенхаген во Данска и Сиднеј во Австралија. Од земјите во Централна и Источна Европа најдобро се претставува Прага - на 68-мо место, како и Будимпешта и Љубљана кои се позиционирани заедно на 75-то место. Романската престолнина Букурешт го зазема 110-то место. Најлошо рангирана градови во регионот се Киев - 175-то место, Тирана - 180-то и Минск - 189-то. На дното на светската ранг-листа е ирачката престолнина Багдад. Студијата има за цел да им помогне на компаниите и организациите да утврдат какви средства да доделуваат за компензации и надоместоци за вработените во странство. Компанијата користи неколку критериуми, меѓу кои и политичка стабилност, здравство, образование, криминал, можност за одмор и транспорт. Виена во која живеат 1,7 милиони луѓе, ја предводи листата веќе шеста година по ред. Австриската престолнина може да се пофали со заситен културен живот, сеопфатна здравствена заштита и умерени станбени цени. Интензивната мрежа за градски превоз чини само едно евро на ден со едногодишна карта. gradovi К.К.
Слично

Поврзани вести