Скопје и Софија за четири години ќе се поврзат железнички
Во моментов соседна Бугарија проектира нови траси на железничката линија кон Македонија а железничкото поврзување меѓу двете земји ќе биде завршено до 2020 година.
За ова интензивирање на соработката информираа денеска при средбата во Скопје директорот на ЈП Македонски железници-Инфраструктура, Ирфан Асани и директорот на Бугарската национална железничка инфраструктурна компанија Милчо Ламбрев.
Двајцата функционери разговарале за размена на искуства и експертски тимови.
Асани на средбата со Ламбрев соопштил дека доколку градежните работи одат според планираното за четири години двете земји ќе се поврзат со железнички линии преку двата главни градови Скопје и Софија.
Ламбрев пак истакна дека како компанија се подготвени железнички да ги поврзат двете земји и преку старата траса, иако паралелно ја градат и новата траса кон границата со Македонија.
Слично
