Скопје го стресе уште еден потрес пред 17 часот – се тресе и регионот
Скопје го стресе уште еден потрес во 16.47 часот.
Овој земјотрес со јачина од 4 степени и со епицентар на 2 километри од Арачиново е почувствуван во главниот град и околината.
Во 7 часот утрово имаше земјотрес со јачина од 3,9 степени, а попладнето во 15.10 часот беше со 5,3 степени по Рихтеровата скала.
Во регионот, во последните 48 часа Европско-медитеранската сеизмолошка станица регистрирала над 20 потреси. Најсилниот беше во јужна Грција со јачина од 3,6 степени. Покрај Грција, и во Турција беа почувствувани над десет земјотреси со јачина од 2-3 степени. Потрес е регистриран и во Романија.
Слично
