Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКОПЈЕ БУЏЕТ 2017: Конечно ќе се гради Луна паркот!

СКОПЈЕ БУЏЕТ 2017: Конечно ќе се гради Луна паркот!

Над 5 милиони евра за фасади и доградби, се реактивира изградбата на Луна парк и подземната сообраќајница, што ќе се гради догодина во Скопје?

Градската каса следната година ќе тежи 115, 8 милиони евра или скоро 10 милиони евра повеќе од годинава. Според Предлог Буџетот за Град Скопје за 2017 –та година на придохната страна најмногу пари 36 милиони евра се очекува да се соберат од даночните приходи односно данок на имот,адмнистративни такси, надомест за уредување, 7,9 милиони евра од неданочни приходи или адмнистративни такси и приходи од закупнина. Градот Скопје следната година планира да се задолжи на домашниот пазар со околу 3,1 милиони евра. Останатите приходи се од донации, дотации, трансфери и капитални приходи. Догодина Градот  најмногу пари или 61,8 милиони евра ќе потроши за тековно оперативни расходи во кои спаѓаат плати и надоместоци, субвенции и трансфери, стоки и услуги, отплата на главница, камати. За капитални трошоци се планирани 54 милиони евра.

За нови фасади, доградби и проекти за реконструкции вкупно 5,6 милиони евра

Од Буџетот догодина за проекти тековни и капитални е планирано да се потрошат 81,5 милиони евра или околу 3,5 милиони евра повеќе од годинава. Дел од проектите ќе се реализираат со кредити во износ од близу 3,1 милиони евра. Во проектите е вклучена изградбата на новиот Луна парк за кој што веќе години наназад за бара јавно-приватно партнерство, повторно се реактивира идејата за подземната сообраќајница, реконструкција на фасади и доградба на објекти, осветлување на споменици, изградба и реконструкција на улици и булевари и друго. Еве дел од проектите:

·  Одржување на фонтани и спомен обележја 487.804 евра

·  Изградба и надзор за изградба на Градска куќа 2,6 милиони евра

·  Луна парк 3,1 милиони евра

·  Подготовка на проекти за фасади, реконструкција на фасади и доградби на објекти 5,6 милиони евра

·  Илуминација на споменици, спомен обележја,скулптури и фонтани 81.300 евра

·  Изградба на катна гаража Даме Груев 569.105 евра

·  Изработка на проект и изградба на Јужен булевар со булевар Климент Охридски и Кочо Рацин  195.121 евра

·  Изработка на проект за крстосница на две нивоа кај Судска палата 113.821 евра

·  Подземна сообраќајница Влада-Комплекс банки 243.902 евра

·  Изградба на улица Павел Шатев 81.300 евра

·  Изградба на улица Тодор Александров 731.707 евра

·  Изградба на булевар Х.Т.Карпош до обиколница 1,3 милиони евра

·  Реконструкција, изградба и одржување на тротоари,плоштади и фонтани 813.000 евра

·  Изгардба и реконструкција на булевар Србија со кружен тек со улица Христо Татарчев 1,3 милиони евра

·  Изградба на водоводни системи во општина Сарај 40.650 евра

·  Изградба и одржување на Кеј Варадар,ролерски,велосипедски, трим патеки и пешачки мостови 975.609 евра

·  Субвенции за карти за пензионери и студенти 1,6 милиони евра

Останатите проекти се однесуваат на изградба на нови улици, реконструкција на веќе  постоечките улици и булевари, изградба на атмосферска и фекална канализација, игралишта, манифестации, проекти во областа на образованието, сообраќајот, културата, социјалата и друго. 

За Заштита на животната средина градските власти планираат да поторошат 1,7 милиони евра. Меѓу другото, во сумата за животна средина околу 59 илјади евра се за изработка на елаборати за испитување на загадувањето на воздухот од сообраќајот и согорувањето на дрвата како средство за греење.

Во тригодишната развојна програма на Градот Скопје, се предвидуваат пари за реконструкција на фасади и доградба на објекти,  во 2018 –та година 5,3 милиони евра и во 2019-та година  4,7 милиони евра. При тоа во следните три години Градот ќе издвојува пари за изградба на систем за одведување и прочистување на отпадни води, изградба на систем за водоснабдување, реконструкција на дел од училишни згради и фискултурни сали , уредување на градежно земјиште, изградба на комерцијални објекти и друго.

Субвенции за јавните претпријатија

И догодина Градот Скопје ќе им помага со субвенции на дел од јавните претпријатија под негова надлежност. Субвенции ќе добијат ЈП Улици и патишта, Комунална хигиена, Паркови и зеленило и ЈСП Скопје. Така од градската каса најмногу субвенции или 4,2 милиони евра ќе добие ЈСП Скопје за обезбедување карти за пензионери и  студенти, оперативни трошоци и функционирање на системот за интелегентна наплата.  ЈП Паркови и зеленило догодина ќе добие субвенции во висина од околу 514 илјади евра за Фестивал на цвеќето, за пајтон, за кароселот и друго.

Т.С


Слично

Поврзани вести