Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Скопје 2014“ под лупа на СЈО-Жерновски викнат да сведочи

„Скопје 2014“ под лупа на СЈО-Жерновски викнат да сведочи

Специјалното јавно обвинителство истражува можен криминал во владиниот проект „Скопје 2014“ .

Токму овој проект е причината поради која градоначалникот на општина Центар е повикан да даде исказ во СЈО во вторникот.

Како што соопшти локалната власт, исказот на Жерновски ќе биде во врска со проектите во ДУП „Мал ринг“, каде што се наоѓаат поголемиот број објекти и споменици од овој проект.

Она што е досега познато е дека предметот е во предистражна постапка, а специјалните јавни обвинителки не откриваат повеќе детали, образложувајќи дека е рано да се коментира на оваа тема.

Веднаш по доаѓањето на градоначалничката функција, по налог на Жерновски, изработени се два ревизорски извештаи. Врз основа на документи и докази, констатирани се низа неправилности и кршење на закони, неколкукратно поскапо платени споменици, криминални тендерски постапки. Целиот материјал и извештаите беа доставени во Јавното обвинителство пред три години. Обвинителството побара дополнителни докази, што веднаш беше сторено од општина Центар.

Од тогаш, Јавното обвинителство молчи за овој предмет и не го процесуира, со што се спречува започнувањето на правната разврска.

Жерновски се надева дека со формирањето и работата на СЈО, конечно ќе се расчисти со криминалниот проект „Скопје 2014“.

Слично

Поврзани вести