Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Скопје 2014“ ги скара ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, транспарентност или финансиски криминал?

„Скопје 2014“ ги скара ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, транспарентност или финансиски криминал?
Проектот Скопје 2014 повторно ги разгоре препукувањата помеѓу двете најголеми македонски политички партии. Едните тврдат дека е направен финанскиски криминал, другите велат дека првите лажат. СДСМ: Ова е финансиски криминал Отчетот за потрошените пари за проектот „Скопје 2014“ на министрката за култура и поранешниот градоначалникот на општина Центар , е замајување на јавноста од штетите и срамот што и е нанесен на државата од целиот проект, смета Советот за култура на СДСМ. Оттаму посочуваат дека ова не е само финансиски скандал, туку со проектот владеачката партија сака да го промени идентитетот на нацијата и да ја држи потчинета. „Таа прес-конференција само го потврди она што граѓаните одамна го знаеја. Дека проектот, меѓу другото, е и финансиски скандал, не „перење“, туку „гнасење“ на тешко спечалените народни пари, потрошени на астрономски и со ништо заслужени хонорари и набавки на реквизити по цени на кои би им позавидел и емирот од Катар. Штетноста на овој проект е што зад површинската појавност на една измамничка архитектонска и скулптурална претстава ги урива вредносните системи во културата, ги суспендира уставноста и правната држава, ја злоупотребува историја и ги поместува темелните камења на националниот идентитет“, се вели во соопштението од Советот за култура на СДСМ. Од СДСМ посочуваат дека најавената независна ревизија на новиот градоначланик ќе открие голем дел од финасиските малверзации, но и ќе даде одговор на прашањата кој е автор на целиот проект,  чија е иницијативата и врз основа на какви стандарди и критериуми се дадени дозволите. Инаку денеска опозицијата ја презеде власта во општина Центар, го избра Мирослав Шиповиќ за претседател на Советот, но се чека стапување на функција на Андреј Жерновски, новиот градоначалник за преземање на идните чекори.  ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лаже Со соопштување на цената на чинење на проектот Скопје 2014, СДСМ е фатена во лага, а јавноста и историјата се тие кои треба да го дадат конечниот став за проектот, се вели во пишаната реакција на  ВМРО-ДПМНЕ од каде што прашуваат што направиле или изградиле  неговите членовите на Советот за култура на СДСМ за Република Македонија, и каде оделе парите кога тие биле на власт.

Според партијата, очигледна е нервозата на СДСМ од одржаната прес-конференција на која, како што пишува во соопштението,  јавно и транспарентно беа презентирани сите документи, постапки и процедури спроведени при реализација на овој проект.

„Уште позначајно, на таа пресконференција беше презентирана и вкупната вкалкулирана вредност на целокупниот проект, со што се покажа дека неговата вредност е нешто повеќе од 200 милиони евра, се движи од 0.5% до 1.5% од годишниот Буџет на Република Македонија и е многу, многу помалку од она што СДСМ го тврдеше дека чини, а тоа беше од пола милјарда до милјарда евра. СДСМ ќе беше среќна ако фактите за вредноста и процедурите не беа јавно презентирани. Така ќе продолжеше да ја лаже и замајува македонската јавност“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести