Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопјанка си доби 10 илијади денари од јамб лозот на Среќни коцки

Скопјанка си доби 10 илијади денари од јамб лозот на Среќни коцки

Вучидолова Марија од Скопје имаше прилика да се радува денес. Таа и нејзиното семејство редовно ги играат игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија, посебно Инстант лотариите. Својот среќен Инстант лоз Среќни коцки го купила од новото среќно место, во трговскиот центар Скопје Сити Мол.

Задоволството од играње на јамб во облик на Инстант лотарија Среќни коцки, и донесе добивка од 10 илјади денари.

Под мотото СВРТИ ЈАМБ ЗА МИЛИОН, играта Среќни коцки им овозможува на играчите одлична можност за забава во комбинација со можност да освојат добивка која веднаш може да си ја однесат дома.

Добитните комбинации во оваа игра на среќа, Инстант лотаријата СРЕЌНИ КОЦКИ, се како во играта ЈАМБ. Учесникот го дознава резултатот од играта кога ќе го изгребе заштитниот слој и открие пет коцки. Лозот е добитен, ако коцките под заштитниот слој прикажуваат една од добитните комбинации кои се наоѓаат на задната страна на самиот лоз. Доколку на лозот не е откриена правилна комбинација, тогаш тој лоз не е добитен. Правилата на оваа инстант игра се особено блиски на љубителите на играта јамб, практично принципот на играње е скоро идентичен со оваа популарна друштвена игра,

Инстант лозот СРЕЌНИ КОЦКИ носи само парични премии од кои дури 5 премии од 1 милион денари, 10 по 100 илјади денари, 100 по 10 илјади денари и голем број други помали парични добивки.

Вкупниот фонд на добивки во оваа инстант лотарија е 25.000.000, 00 денари, а секој трет лоз е добитен. Еден инстант лоз СРЕЌНИ КОЦКИ чини 40 денари.

Кој гребе, тој добива!

Слично

Поврзани вести