Скопјани со пушки се тепале за огревни дрва
Расправија и тепачка настанала вчеравечер меѓу две групи граѓани од скопското село Патишка Река.
Селаните се скарале за огревни дрва, а набрзо расправијата ескалира и во тепачка, во која еден од учесниците извадил ловечка пушка и пукал во воздух. Тој со кундакот го удрил и еден од соселаните.
По интервенцијата, полицијата ги привела учесниците во тепачката, меѓу кои и З.М. (58), осомничен за пукањето.
Полицијата ги запленила огненото оружје и огревните дрва и работи на расчистување на случајот.
Слично
