Скопјани преку хуманитарни организации ја оштетиле државата за 9 милиони денари
Двајца скопјани се осомничени дека во период од четири години ( од 2010 до 2014 година) во својство на претседатели на хуманитарна организација во повеќе наврати исплатиле парични средства како донации на правни и физички лица од РМ во вкупен износ од 83.087.820 денари.
Осомничените при исплатата не пресметале и не платиле персонален данок на доход во вкупен износ 9.231.980 денари, со кој износ го оштетиле Буџетот на РМ и сториле две кривични дела – „даночно затајување“.
Според МВР, за исплатените средства на име донации, Љ.И. даночно затаил 1.245.033,67 денари, додека Р.Ш. не пресметал и не платил персонален данок на доход во вкупен износ од 7.986.946 денари, со што го оштетиле Буџетот на РМ во вкупен износ од 9.231.980 денари, кој износ согласно пресметаните камати и аконтацијата за персонален данок на доход за периодот 2011/2014 г., изнесува вкупно 9.658.271 денари.
