Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопјани ќе добијат парно на 15 октомври – во меѓувреме радијаторите остануваат ладни!

Скопјани ќе добијат парно на 15 октомври – во меѓувреме радијаторите остануваат ладни!
Парно ќе има на 15 октомври кога ќе започне грејната сезона. Вака од  Балкан енерџи груп(БЕГ) ја информирале Регулаторната комисија за енергетика. Тогаш ќе се загреат радијаторите за 50 илјади корисници на услугите на компанијата. Ваквиот одговор од Балкан Енерџи Груп следи по писмената опомена на регулаторите до компанијата, кои ја предупредија компанијата дека ќе има казни ако не го почитува преавилникот. Регулаторите не ги коментираат претходните предупредувања до БЕГ за порано да ја почнат грејната сезона. Услови за пуштање на греењето и предвремен старт на грејната сезона, беа создадени претходните денови, но корисниците кои се под Балкан енерџи груп, останаа со ладни радијатори. Освен  регулаторите, и од Градот Скопје повикаа парното да биде пуштено, исто како и од министерството за образование од каде побараа парното на факултетите да биде пушено и покрај долгот. Претходно грејната сезона почна за жителите каде со греењето стопанисуваат ЕЛЕМ енергетика и Скопје-Север. Според Правилникот за снабдување со топлинска енергија на Регулаторната комисија за енергетика, парното треба да биде пуштено од 6 до 21 часот во текот на денот и да обезбеди температура на воздухот во внатрешните простории од 20+1 степени целзиусови. Ако надвор температурите се ниски, грејната сезона почнува пред 15 октомври.
Слично

Поврзани вести