Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопјани и велешани овозможиле пустошење шуми

Скопјани и велешани овозможиле пустошење шуми
Поднесени се кривични пријави против 11 лица од Велес и Скопје, кои се вмешани во незаконско сечење шуми. Единицата за економски и компјутерски криминал до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против седумина од Велес и четворица од Скопје и тоа на С.П. (49) за  злоупотреба на службена положба и овластување и фалсификување службена исправа,  а против С.Ј. (57), Т.А. (64), Б.Т. (77), В.Г. (78), Ѓ.С. (78), С.Т. (59), Б.К. (47), М.А. (45), А.К. (54) и С.В. (64) за помагање и злоупотреба на службена положба и овластување. С.П. инаку службено лице лиценцирано за извршување стручни работи на шуми во приватна сопственост и во својство на сопственик и управител на Друштвото за консалтинг услуги во шумарството „ЕКО ФОРЕСТ“, во  периодот 2012/2014 година, ја злоупотребил својата службена положба и овластување, така што спротивно на  одредбите од Законот за шуми, постапувајќи по барања за издавање одобрение за сеча, поднесени од останатите пријавени лица, не излегол на лице место во шума. Во катастарски пацели во општините Дреново, Блаце-Кале, Степанци, Раштак,  Капиново,  Поменово и Дивље не извршил означување на стебла за сеча. Дополнително, на едно лице и на двајца од пријавените М.А. и С.В. им издал записници во кои навел дека се исполнети условите за сеча на огревно дрво, а на девет од пријавените  им издал евидентни картони во кои внел невистинити податоци за возраст, смеса, бонитет, податоци за степен на очуваност на дрвото, квалитет и друго. Врз основа на така внесените невистинити податоци во издадените записници и евидентните картони, С.П. изготвил и со својот потпис и печат на правното лице „ЕКО ФОРЕСТ“, заверил и издал одобрениjа за сеча на другите пријавени лица, а потоа врз основа тие одобренија, изготвувал и издавал  испратници со невистинита содржина заверени со печат и потпис, со цел истите да извршат легален транспорт и продажба на бесправно исечените огревни дрва од туѓа шума на трети лица. С.П. незаконски земал износ од 267.600 денари, при тоа согласно правилникот за висината на цената за штети во шума, според кои за огревно дрво бука висината на штетата изнесува 7.000,00 денари за 1 м/3, ја оштетил заедницата за износ од 3.658.900 денари за вкупно исечена и изнесена дрвна маса во количина од 522,70 м3.
Слично

Поврзани вести