Скопјанец со нож се обидел да ја убие сопругата, пред очите на детето
Четириесет и четири годишен скопјанец, со нож и сатар се обидел да ја убие сопругата. Тој и нанел тешки телесни повреди, пред очите на едно од трите негови деца.
Од МВР информираат дека скопјанецот 3 јануари влегол во семејниот дом околу 3 часот и отишол во спалната соба каде што спиела неговата сопруга и почнал да се расправа. Потоа зел сатар и нож со кој прво ја удрил по рацете при што и нанел исекотини, а потоа со сатарот ја удрил по главата и челото нанесувајќи и повреда.
Нему му е изречена мерка притвор од 30 дена, а јавниот обвинител дал наредба да се покрене истражна постапка за сторено кривично дело убиство во обид.
По увидот на лице место, обвинителот дал наредба за вршење на потребни вештачења, собирање траги од лице место, како и сослушување на повеќе лица со цел расветлување на настанот.
