Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопјанец со лажна пратежна картичка си купил таблет

Скопјанец со лажна пратежна картичка си купил таблет

Дваесетгодишен скопјанец фалсификувал платежна картичка и си купил компјутерска опрема во вредност од 29 980 денари.

Тој нелегално прибирал банкарски податоци од вистински странски платежни картички и потоа пазарел на интернет страна која нуди онлајн продажба.

Но, домашната банка го пријавила случајот и била покрената истрага за трансакција направена со странска „Виза” картичка.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР поднесе кривична пријава против него. Полицијата извршила претрес во неговиот дом и нашла голем број броеви од платежни картички, како и целосни податоци за сопствениците на картичките. Kомпјутерската опрема што ја купил му била одземена.

Слично

Поврзани вести