Скопјанец бил член на терористичката ИСИС
Полицијата уапси 23- годишен жител на населбата Гази Баба, под сомнение дека е бил член на терористичката група ИСИС.
Против него е поднесена кривична пријава за дело „Учество во странска војска, полиција, паравоени и параполициски формации“, соопшти МВР.
Полицијата го барала осомничениот од август, во рамките на акцијата „Ќелија”. До сега, најверојатно се криел во куќата на своето семејство, а кога го уапсила полицијата се криел во подрумот.
Полицијата соопшти дека 23-годишниот скопјанец оваа пролет бил во Сирија каде бил припадник на терористичката ИСИС. Претходно С.Ф. бил регистриран и како извршител на повеќе насилни имотни кривични дела во Скопје.
Слично
