Скопјанец со нож „прошета“ низ Сити Мол
Еден 48-годишен маж предизвика паника во трговскиот центар Скопје Сити Мол синоќа, откако влегол со нож во раката. Тоа го забележале неколку посетители на молот кои го алармирале обезбедувањето.
Скопјанецот бил приведен од полициски службеници и против него ќе биде поднесена прекршочна пријава.
Неофицијално, при апсењето тој изјавил дека со ножот сечел месо за да ги храни кучињата околу трговскиот центар, но заборавил оружјето подобро да го скрие кога влегол во Сити Мол.
Слично
