Скокнале трошоците за живот
Мал скок има на трошоците за живот. Во јули се зголемени трошоците на живот за 0,5 проценти во однос на јуни.
Зголемени се цените на мало за 2,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во споредба со јули лани, трошоците на живот се зголемени за 3,4 проценти, а цените на мало за 5,4 проценти. Пораст во однос на јуни има кај цигарите за 0,9 проценти, млекото за 0,8 проценти, лебот и житата за 0,4 проценти и пивото за 0,3 проценти. Зголемување има и кај воздухопловниот патнички транспорт за 49,9 проценти, гасот за домаќинствата за 8,4 проценти, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 5 проценти, течните горива за домаќинствата за 4,7 проценти, туристичките пакет-аранжмани за 3,4 проценти, услугите за сместување за 2,2 проценти. Намалување има кај маслото и маснотиите за 2,2 проценти, виното за 1,6 проценти, месото за 0,7 проценти и сирењето и урдата за 0,3 проценти. Намалување на индексите на трошоците на животот има и кај парамедицинските услуги, теписите, облеката, мебелот и покуќнината, кујнскиот прибор, обувките.
Ако гледаме глобално, цените на храната паднаа на меѓународните пазари во јули, втор месец по ред, објави Агенцијата за храна на ОН, ФАО. Индексот на цените на основните прехранбени производи на ФАО падна за 1,2 проценти во јули во споредба со јуни.
foto unsplash.com
