Скокнала во море да се самоубие - по 10 часа е спасена
Стјуардесата Кеј Лонгстаф од Британија сама скокнала во морето од крузерот „Норвиџн стар“.
Ова го потврди анонимен извор директно вклучен во инцидентот.
„Официјално, истрагата сè уште е во тек и се знае дека Британката паднала во морето, но неофицијално, таа скокнала и тоа се гледа на снимките од безбедносните камери“- вели изворот за Јутарњи лист.
Изворот, кој е тесно поврзан со случајот, рекол дека полицијата ја испитала Лонгстаф за време на престојот во болница, а таа им потврдила дека паднала од бродот.
Дека тоа не е несреќен случај покажуваат и исказите со кои се потврдува дека Кеј ја скрила торбичката со документи, меѓу кои и пасошот, како и изјавата на поручникот на фрегатата Ловро Орешковиќ, командант на бродот Цавтат, кој ја спаси Британката, кој претходно откри дека Лонгстаф, кога закрепнала од шокот, прво се распрашувала за трошоците на спасувањето.
Лонгстаф помина десет часа во водите на Јадранско Море, откако скокнала од бродот. Таа беше драматично извлечена од водата околу 1.300 метри од местото каде што исчезна.
Кеј скокнала на локација 100 километри јужно од Пула, непосредно пред полноќ на 18 август.
Таа, наводно, ја поминала ноќта во пиење со своето момче пред двајцата да почнат жестоко да се караат.
Eкс сопругата на мажот со кој таа била се огласи во медиумите.
,,Да бев на бродот и јас би пробала да избегам на кој било начин. Креиг не е баш добра личност кога пие. Тој е рецепт за катастрофа на крстарење. Можам да замислам како и било“- изјави екс сопругата на Крејг, објави Јутарњи.
Во меѓувреме Кеј ги избришала своите профили на Фејсбук и Твитер.
фото Reuters
