Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скокнал бројот на Германци кои работат со скратено работно време

Скокнал бројот на Германци кои работат со скратено работно време

Расте бројот на работници кои работат со скратено работно време во Германија.

Во периодот август – ноември нивниот број се зголеми од 76.000 на 187.000, објави Минхенскиот институт за економски истражувања ИФО. Во преработувачката индустрија каде бројот на работници со скратено работно време скокнал од 59.000 на 151.000. Причина е енергетската криза.  Во автомобилската индустрија бројот на работници ангажирани со скратено работно време се зголемил од 14.100 на 33.400, а во хемиската индустрија од 7.400 на 21.200.

Медиумите пишуваат дека газдите во Германија избегнуваат да вработуваат млади работници. 

foto freepik.com/bearfotos

Слично

Поврзани вести