Скокнаа цените на најпопуларните брендови на цигари
Се зголемуваат цените на најпопуларните брендови на цигари во земјава.
Поскапувањето е од пред неколку дена. Марлборо во тврдо пакување се продава за 130 денари за кутија, а на 100 денари поскапеа и Марлборо едициите на малку потенки цигари.
Поскапеа и цигарите Вест во тврда и мека варијанта на 70 односно 80 денари по кутија. Од пред неколку дена поскапи се и Честерфилд кои наместо 70 сега се продаваат за 75 денари.
Кутија Родео од пред месец дена наместо за 63 се продава за 68 денари. Поскапи се и Давидоф кои сега чинат 135 денари.
Согласно правилникот за акцизите на цигарите, државата предвиде до оваа година цигарите годишно да имаат по 3 денари од кутија повисока акциза, а следниот 1 јули, 2017 година, акцизата да порасне за 4 денари по кутија.
Сепак, производителите решија да направат поскапување и за до 5 денари по кутија, а некои брендови, како на пример Марлборо за неколку месеци поскапеа и по 10 денари за една кутија.
Варијациите на „бос” се продаваат поскапо за 5 денари, а поскапени се и сите варијации на „вест”. По ново, „вест меко” чини 70 денари, а „вест суперслим” 90 денари. За по пет денари се поскапени и сите варијации на „родео”, освен „родео” (меко), чија цена остана иста.
Во февруари годинава, од три до пет денари поскапеа цигарите од Тутунскиот комбинат Прилеп.
