Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скокнаа цените во продавниците на Косово, и во Приштина запалени производи

Скокнаа цените во продавниците на Косово, и во Приштина запалени производи

Цените во продавниците во Косово скокнаа. 

Последиците од одлуката на Приштина да воведе царина од 100 отсто на увозот на стока од Србија и Босна и Херцеговина, ќе бидат видливи кога ќе се испразнат магацините, а со овие мерки посебно се погодени малите продавници, објавија српските медиуми.

Лебот поскапел во повеќе делови на Косово, како и брашното, зејтинот, квасецот, солта, шеќерот. Цената на лебот се зголемила 30 отсто. 

Владата во Приштина соопшти дека е преполовена доставата на стока и дека мерките почнале да даваат резултат, па веројатно резервите бргу ќе бидат потрошени.

Во Приштина синоќа се уапсени лица кои палеле српски производи. Огнот веднаш е изгаснат. 

Жители на Качаник, Косово, објавија видео како палат српски производи по објавата на косовската влада дека ја зголемува царината на српската стока на 100 отсто. Како што пишува под видеото, производите биле запалени по апелот за бојкот на српските производи. 

Koka-Kola, Tuborg, Dukat, Gemalto, Rauh, Henkel, Fluidi, Gorenje, Megl и Jafa се компании за кои на Косово нема да се плаќаат таксите. 

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, упати писмо до шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, во однос на зголемувањето на царините за 100 проценти за стока од централна Србија и Босна и Херцеговина, во кое тој вели дека Приштина е посветена на принципите за слободна трговија и дека бара заемно почитување, вистинска соработка и реципроцитет. Трговската војна почна откако Косово се налути затоа што Србија според нив водела кампања да не влезат во Интерпол. 

Во српските средини во Косово, денеска попладне ќе се одржи мирен едночасовен протест.

Слично

Поврзани вести