Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скокнаа цените на угостителските услуги - што се поскапе?

Скокнаа цените на угостителските услуги - што се поскапе?

Индексот на цените на угостителските услуги во април 2017 година, во споредба со март 2017 година, е зголемен за 0.8%. 

Овие податоци ги објави денеска Државниот завод за статистика. 

Споредено по групи на услуги, зголемување  е забележано во групите храна за 0.1%, безалкохолни пијалаци за 0.7% и ноќевања за 3.1%, додека во групата 
алкохолни пијалаци има намалување за 0.2%.

Индексот на цените на угостителските услуги во април 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 1.0%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-април 2017 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.5%, додека во однос на декември 2016 година е зголемен за 0.1%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во март 2017 година, во споредба со февруари 2017 година, е зголемен за 0.1%. Споредено по групи на услуги, зголемување  е забележано во групите храна за 0.2% и безалкохолни пијалаци за 0.1%, додека во групата алкохолни пијалаци 
е забележано намалување за 0.4%. 

Слично

Поврзани вести