Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скокнаа цените на индустриските производи, еве што објави статистика...

Скокнаа цените на индустриските производи, еве што објави статистика...

Индустриските производи поскапеа. 

Нивните цени во декември лани биле повисоки за 16,5 отсто на годишно ниво.  За еден месец има поскапување, а ако споредиме за година дена претходно, поскапувањето е уште поголемо.  Ако споредиме со декември 2020 година,  продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 21 процент. Понатаму,  во Преработувачка индустрија има пораст  на цените за 14,6 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 41,5 проценти. Во декември 2021, во споредба со еден месец претходно, продажните цени на производителите на индустриски производи,  се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за два процента. Статистиките покажуваат дека во секторот Преработувачка индустрија за 0,7 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација растот е за 3,9 проценти. Податоците денеска ги објави Државниот завод за статистика. Инаку, во земјава има бран поскапувања во повеќе сектори. 

Слично

Поврзани вести