Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скокнаа цените на храната - причина е шеќерот, житарките и маслото

Скокнаа цените на храната  - причина е шеќерот, житарките и маслото

Цените на храната во светот во  јануари го достигнаа двегодишниот максимум. 

Растот е поттикнат од скокот на цената на шеќерот, извозните цени на житарките и растителните масла.

Овој податок го објави Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (FAO).

Ценовниот индекс кој го премсетува FAО и кој ги мери месечните промени на цените во основната кошница производи (житарки, масло, млечни производи, месо и шеќер), порасна во јануари на 173,8 поени од ревидираните 170,2 поени во декември, пренесува агенцијата Ројтерс.

Месечниот раст од 2,1% ги истурка цените на храната на меѓународните пазари на нивното највисоко ниво од февруари 2015 година, и за 16,4% над нивното ниво од јануари лани. 

FAO сега прогнозира дека глобалното производство на житарки ќе достигне 2,592 милијарди тони во сезоната 2016/2017 година.

Светските цени на храната во јануари лани се приближија на 7 годишен минимум поради поефтинувањето на речиси сите прехранбени продукти. 

Цените на храната се намалија за 19% во 2015 година. 

Пред неколку години поради сушата во САД и во Источна Европа, храната поскапе за скоро 10%. 

Слично

Поврзани вести