Скокна цената на нафтата над 50 долари за барел
Цената на нафтата годинава за прв пат се искачи над 50 долари за барел.
Ова според економистите е добра вест за произведувачите на нафта како Русија, Казахстан, Иран и Ирак. Во почетокот на 2016 година цените на нафтата поднаа до 27 долари за барел. Неочекуваното зголемување на цената се смета дека е резултат на зајакнувањето на американскиот долар поради зголемувањето на каматните стапки, како и со времениот прекин на снабдувањето поради шумските пожари во Канада и нередите во Нигерија.
Сепак цената на нафтата е далеку пониска во споредба со јуни 2014 година, кога барел нафта чинеше сто долари.
Цените на нафтата добиваат поттик последните денови од податоците од САД за комерцијалните залихи во САД, со исклучок на стратешките резерви, за минатата седмица заклучно со 20-ти мај. Американскиот институт за нафта (API) објави за остриот пад на резервите во САД минатата седмица, за 5,1 милион барели. Тоа е двојно повеќе отколку што очекуваа аналитичарите – 2,45 милиони барели. Минатата недела и испораките на нафта во САД се намалиле за 0,27 % или за 24.000 барели дневно, на 8,767 милиони барели на дневно ниво.
