Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скокна профитот на Мајкрософт, ги израдува и аналитичарите

Скокна профитот на Мајкрософт, ги израдува и аналитичарите

Американскиот софтверски гигант Мајкрософт во второто фискално тримесечие го зголемил профитот за 3,6 отсто, на 5,2 милјарди долари.

Тоа се случило благодарение на растот на неговиот бизнис „сметководство во облаци“.

Приходите заклучно со 31 декември достигнале 25,8 милијарди долари, што е, подобро од проценките на аналитичарите од 25,2 милијарди долари.

Цените на акциите на овој софтверски гигант пораснаа на Волстрит за околу 1 отсто, за да достигне рекордно ниво од 64,30 долари.

Меѓутоа, благо паднала бруто маржата, на 48 посто, бидејќи во тоа подрачје има голема конкуренција на компании, како што се Amazon.com, потоа Alphabetov Google, IBM и Oracle. 

Под водство на извршниот директор Сатје Надале, Мајкрософт се пренасочува од традиционално софтверско работење, кое расте бавно, на 'cloud' услуги и мобилни апликации.

Слично

Поврзани вести