Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКОКНА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Сега е на највисоко ниво од 11 март

СКОКНА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Сега е на највисоко ниво од 11 март

Цената на нафтата денеска се искачи на највисоко ниво од месец март. 

Од 11 март ова е највисока цена на нафтата.

Растот се случи поради залихите во САД, и намалување на понудата од ОПЕК, и опоравување на побарувачката по попуштање на мерките на ограничување на движењето во повеќе држави, кое е предизвикано од коронавирусот.

Северноморската нафта „Брент“, за испорака во јули ја зголеми цената за 1,5 отсто односно на 36,29 долари по барел.

Американската „лесна“ нафта ВТИ, поскапе за 67 центи или за 2 отсто повеќе, и сега изнесува 34,16 долари, објави Ројтерс. 

Изминативе месеци нафтата имаше големи турбленции. 

Отиде во минус, а потоа се нормализираше. 

Деновиве нафтата се тргуваше за 35 долари за барел. 

Слично

Поврзани вести