Скокна цената на нафтата по нападот врз Сирија
Цените на суровата нафта на светските берзи скокнаа откако армијата на САД изврши ракетен напад врз воздушна база во Сирија како одговор на употребата на хемиско оружје врз цивилно население во Идлиб што заврши со голем број на жртви.
Нафтата достигна рекордни 56 долари за барел што е највисока цена сметајќи од март годинава и експертите сметаат дека станува збор за избрзана реакција на брокерите во моменти кога постои голема нестабилност на геополитичката сцена и нарушените меѓународни односи.
Нападот со Томахавк ракети беше жестоко осуден од страна на рускиот претседател Путин кој рече дека Сирија е суверена држава, додека пак рускиот министер за надворешни работи смета дека ова многу наликува на ирачката офанзива во 2003-та.
