Скокна цената на биткоинот
Цената на биткоинот повторно расте, а пазарот на криптовалути се стабилизира.
Најпознатата криптовалута во светот, утрово се тргува по 37.177 долари, и тоа е раст од околу 0,79 проценти, покажуваат податоците на страницата CoinDesk. Пазарната капитализација се опорави и моментално изнесува околу 697,16 милијарди долари. Втората најпопуларна криптовалута во светот, етереум скокна за нешто повеќе од 1 процент во последните 24 часа и се тргува по 2.677 долари. Стабилизацијата покажува дека се вратила и довербата на инвеститорите. Во последниве недели, биткоинот беше претежно под притисок на продавачите, а неговата цена се стабилизира во последните неколку дена.
foto freepik
Слично
